fbpx
Студиски посети и обуки
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

seminar-za-rizici-vo-finansiskite-instituciiМРФП заедно со Хрватскиот институт за банкарство и осигурување, во јуни 2012 г. организираа еднодневен семинар за управување со ризици во финансиските институции. Предавач беше д-р Иван Шверко. На обуката учествуваа вкупно 20 лица од различни финансиски институции како:  НЛБ Тутунска банка, НЛБ Пензиски фонд, МБПР, Штедилница Можности, Стопанска банка, Охридска банка, Хабитат Македонија и МАПАС – Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

На семинарот се разговараа повеќе теми, меѓу кои за евентуалните проблеми на матичните банки кои би имале влијание на работењето на банките во земјите од регионот, што се подразбира под квалитетно работење од областа на ризици на кои се изложени банките, како и (квалитативна) интерпретација на резултатите на ваквата квантификација заснована на разбирањето на моделите и финансиската реалност од страна на експертите и повисоките нивоа на менаџмент. Беше споделена важноста за следење на регулаторните промени (Базел ИИ, ЦРД ИВ, Базел ИИИ) и очекувањата, како дел од комплексната макроекономска рамка во која ќе функционираат банките во следните години.