fbpx
Студиски посети и обуки
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Studiska poseta 2Европската Унија ја обедини помошта што ја обезбедува за земјите кои претендираат да станат нејзини членки во еден инструмент наречен Инструмент за претпристапна помош или ИПА. Инструментот има пет компоненти. Петтата компонента е наменета за рурален развој т.н. ИПАРД, за која Македонија е подобна и веќе го објави првиот повик во декември 2009 г. ИПАРД е новина за македонските земјоделски производители, агро-преработувачите, финансискиот сектор и општата јавност.

Се смета дека еден од битните проблеми претставува прет-финансирањето на подобните проекти. Оттука, пристапот на МРФП беше да стапи во комуникација со АФПЗРР и со платежната агенција на Словенија и да се организира посета на претставници од македонски финансиски институции заради запознавање со искуствата со ИПАРД.

Studiska poseta 1Целта на проектот беше запознавање со искуствата во претфинансирањето САПАРД/ИПАРД проекти во Република Словенија.

Целната група беа микро претпријатијата, а директни корисници беа финансиските посредници на МРФП и други финансиски институции од Македонија.

Локацијата на која се одвиваше активноста беше Љубљана и Горишка брда, Република Словенија.

МРФП беше во улога на коорганизатор и финансиски поддржувач на проектот.

Во проектот, покрај МРФП, вклучени беа:

  • Платежната агенција надлежна за ИПАРД на Македонија, во улога на коорганизатор, која обезбеди комуникација со Словенија, информативен настан пред посетата и еден учесник на посетата;
  • Платежната агенција на Словенија – во улога на главен домаќин и организатор на настаните во Словенија;
  • Претставници на финансиските посредници на МРФП: Халкбанк, НЛБ Тутунска банка и Штедилница Можности и Хоризонти учествуваа во посетата;
  • Претставници на други финансиски институции: Инвестбанка, Охридска банка и Македонската банка за поддршка на развојот учествуваа во посетата;
  • Сител телевизија, со снимател и новинарка, вклучително и два ТВ прилози.

Студиската посета беше реализирана во периодот од 17.03.2010 г. до 21.03.2010 г. Во рамки на студиската посета беа посетени платежната агенција на Р.Словенија (разговорите беа со клучните луѓе на агенцијата), 3 банки (НЛБ ДД, Нова КБМ банка и Банка Целје), 3 проекти (Млекарна Целеиа, Пелоз и Белица Туризем), како и разговор со една земјоделска комора.

Проектот беше со времетраење од 01.02.2010 г. - 31.03.2010 г.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 822,897.50 МКД, додека учеството на МРФП во вкупните директни трошоци изнесува 636,997.50 МКД.