fbpx
Студиски посети и обуки
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Holland 27Цел на проектот беше запознавање со искуствата на холандскиот финансиски сектор во поддршката на развојот. Проектот треба да придонесе кон подобрен пристап до финансиски услуги и поддршка на воспоставувањето на соодветна околина за развој на ММП.

Целна група на проектот беа земјоделци и претприемачи. Директни корисници на проектот беа претставници на врвните раководства на финансиските посредници.

Локацијата на активноста беше Кралството Холандија.

Проектот го спроведе МРФП во соработка со НФЏ – Нетхерландс Финанциал Сецтор Девелопмент Еџцханге.

Holland 1Активности:

Во рамки на проектот беше спроведена дводневна посета на следниве институции во Холандија: АБН АМРО, ИНГ, Рабобанк, Триодос, државната развојна банка ФМО, Гарантниот фонд при холандското Министерство за економски прашања и Здружението на холандски банки. Во рамките на посетите беа опфатени повеќе теми зависно од специфичноста на секоја институција.

Резултати:

На студиската посета учествуваа врвните раководства на финансиските посредници на МРФП: НЛБ Тутунска банка, ИК банка и Штедилница Можности, како и на Македонската банка за поддршка на развојот. Учесниците наведоа неколку користи од посетата: можност за нови информации, идеи, контакти и деловни потфати со врвни финансиски институции, добра организација. Најдобро е оценета посетата на МСП одделението на ИНГ во Утрехт, а потоа и Триодос.

Проектот беше спроведен во периодот февруари – март 2006 г. Додека посетата беше реализирана во периодот 8 - 12 февруари 2006 г.

Вкупниот буџет на проектот изнесуваше 1,025,870 денари, а кофинансирањето од МРФП изнесуваше 715,844 денари.