 | Какви се словенечките искуства во ИПАРД |  | Студиска посета на Словенија за ИПАРД Македонски банкари се запознаа со искуствата на Словенија во финансирањето проекти за рурален развој со средства од Европската Унија. |
 | Промоција на извештајот „Претприемништвото во Македонија“, во рамките на Глобален монитор на претприемништво (ГЕМ) |  | ПОЗИТИВНИ ПЕРЦЕПЦИИ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ВО ЗЕМЈАТА Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Центарот за развој на нови бизниси при Машинскиот факултет во Скопје (БСЦ), денес (29 декември 2009 година) го промовираа извештајот „Претприемништвото во Македонија“, во рамките на најголемото истражување за претприемништво во светот – Глобален монитор на претприемништво (ГЕМ).  |
 | Потпишување договор за соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) |  | ПОДДРШКА НА НОВИОТ СТРАТЕШКИ ПЛАН НА ССК Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) на 25.12.2009 година, во хотелот Стоун Бриџ во Скопје, потпиша договор за финансиска поддршка на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), за спроведување на новиот Стратешки план на на ССК. |
 | Претприемач на годината - 2009 |  | Претприемач на годината – 2009 Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) е еден од организаторите во изборот на најуспешни претприемачи на микро и мали претпријатија во Р. Македонија во рамките на традиционалниот настан - Претприемач на годината за 2009 г. Манифестацијата се одржа во со-организација со Сојузот на стопански комори на Македонија, Министерството за економија, Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Центарот за развој на претприемачи и менаџери, Центарот за развој на нови бизниси, Европската бизнис асоцијација и Стопанската комора на северозападна Македонија. Настанот се одржа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје на 21.12.2009 г. |
 | Европска недела на мали и средни претпријатија |  | И оваа година МРФП беше еден од организаторите на Европскиот ден на претприемачот. Оваа година тој беше дел од манифестацијата Европска недела на малите и средните претпријатија – 1st European SME Week ’09, која на европско ниво е координирана од Европската комисија. |
 | Претприемач на годината 2008 година, 11.12.2008 |  | Доделување награди на најуспешни микро и мали претпријатија „Наградата е доказ дека сите вложени напори за постигнување на светските вредности не биле залудни и оти и во нашата земја се ценат вистинските квалитети“ – истакна Кристијан Даниловски, еден од сопствениците на продукциската куќа ФХ3Х, добитник на првата награда за најуспешно микро претпријатие, во рамките на манифестацијата Претприемач на годината 2008 година, одржана на 11 декември 2008 година во х. Александар Палас. Добитник на втората награда за најуспешно микро претпријатие е Маркет Вижн, маркетинг агенција |
 | 10 ГОДИНИ МРФП |  | Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) оваа година слави 10 години од своето постоење. Овој прв голем јубилеј, МРФП го одбележува со импозантни податоци за постигнувањата и во финансиските и во нефинансиските услуги, 25.11.2008 |
 | МРФП потпиша договори за поддршка на СКСЗМ и ССКМ – 22.11.2007 |  | Со поддршка на коморите до развој на успешни претпријатија и промовирани успешни примери на претприемништво во Република Македонија |
 | Во следните четири години |  | МЦМС ќе раководи со МРФП Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), по трет пат, го избра Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за Институција за раководење за периодот 2008-2011 г. Изборот беше направен од страна на Одборот на старатели на МРФП врз основа на професионалниот, организациски и финансиски капацитет на МЦМС. |
 | Амбасада на Кралство Холандија во Р. Македонија го одбележа „Денот на Кралицата“, 29.04.2008 |  | Промоција на идејни решенија за иновативни велосипеди во функција на бизнисот На 29 април 2008 година, на плоштадот “Македонија“ во Скопје, се одржа манифестацијата “Денот на кралицата“ под мотото “Освежи се“, во организација на Амбасадата на кралството Холандија во Р. Македонија (АКХ). Главна тема на манифестацијата беше промоција на велосипедот како алтернативно превозно средство, за заштита на животната средина и поддршка на бизнисот. |
|