Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во име на проектот финансиран од Европската унија „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“ објави трет Повик за финансиска поддршка за: А) Промовирање на иновативни инвестициски проекти во земјоделството, шумарството и земјоделско-прехранбената индустрија, Б) Подобрување на конкурентноста преку унапредување на соработката меѓу земјоделците во Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот плански регион и Преспанскиот регион.
Крајниот рок за достава на пријавите за грант е 28 јуни 2024, 16:00 часот по локално време.
Вкупниот индикативен износ на инвестициските акции поддржани во рамките на овој повик за поднесување финансиска поддршка е 4.124.045 денари. Секоја инвестициска акција во рамките на овој повик за финансиска поддршка мора да се движи помеѓу следниот минимален и максимален износ:
- минимален износ: 1.230.000 денари
- максимален износ: 2.460.000 денари
За овој повик ќе се одржат информативни сесии. Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на информативните сесии треба да изразат интерес преку е-пошта на:
Информативна сесија за Повикот:
Датум и време: 24 јуни 2024 г. (понеделник) во 12:00 часот
Приклучете се на следниот линк:
https://us06web.zoom.us/j/89003629348?pwd=sZFend2GnbcLCkC7A0aHx3UIbbIqJ5.1
Meeting ID: 890 0362 9348
Passcode: 525116
Деталните упатства и потребните обрасци за аплицирање можете да ги преземете подолу:
Обрасци за поднесување пријава:
- Прилог А – Образец: Пријава
- Прилог Б – Образец: Буџет
- Повик за финансиска поддршка/Водич за подносители на пријави за грант (албански).
Проектот „АгроСмарт - Развој на модерно и одржливо земјоделство“ е финансиран од Европската унија, а е спроведуван од МРФП во партнерство со Хемера и ЦЕП Можности.