fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

pp04„Графотекс“ од Куманово е една од најстарите печатници во приватна сопственост во нашата држава. Таа е успешен семеен бизнис на Драгослав Богдановски над 25 години и во неа клиентите можат да добијат различни печатарски услуги во офсет и дигитална техника.

Печатарскиот занает Драгослав го печел седум години во една од печатниците во државна сопственост. Во 1993 година одлучил да го напушти работното место за да започне со сопствен бизнис. Тој се сеќава дека почетоците биле скромни и тешки како и во секој нов бизнис, особено заради недостатокот на капитал и промената на економскиот систем во земјата. Сепак, со поддршката од родителите и напорната работа успеал на почетокот да ги набави основните машини кои биле неопходни за една печатница (печатарска машина, нож за сечење, копир, компјутер и репроматеријали). „Си ја познавав работата од претходно и сакав да си бидам сам свој газда. Знаев дека ќе треба да вложам повеќе труд за да успеам, но на крајот ми се исплати. Исто ги учам и моите деца и се надевам успешно ќе продолжиме да го развиваме нашиот семеен бизнис“, вели Драгослав.

Драгослав Богдановски е долгогодишен клиент на финансискиот посредник НЛБ Банка, кој ја користи кредитната линија на МРФП. Кредитот го искористил за набавка на опрема за потребите на печатницата. „Да не се кредитите, не би успеале да инвестираме во бизнисот и да одиме напред. Каматните стапки во минатото беа многу високи, дури и сега се високи, но позитивно е што константно се намалуваат. Доколку се пониски, би биле во можност повеќе да инвестираме“, вели Драгослав. Идните планови му се посветени на обновување на поголемиот дел од опремата во офсет и дигиталното печатење. За нив, повторно ќе ја користи кредитната линија на МРФП.