fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

pp05Елисавета Маринковска од Скопје, во 1992 година ја основала компанијата „Мар–Саж“, чија главна дејност е производство и трговија со печатени канцелариски материјали. Сопственото производство на печатени материјали започнало во 2015 година. „Мар-Саж“ дејствува исклучително на македонскиот пазар, а најголемиот дел од клиентите им се владини и јавни институции, банки, осигурителни компании и други. Покрај тоа, тие им излегуваат во пресрет и на крајни корисници кои имаат нестандардни барања за печатење и изработка на канцелариски материјали според спецификации.

Искуството во оваа дејност Елисавета го стекнала работејќи неколку години во претставништво на хрватска компанија за печатење и трговија со канцелариски материјали. Распадот на СФРЈ и големите промени во функционирањето на економскиот систем во државата довел до затворање на претставништвото на хрватската компанија. Претприемачкиот дух на Елисавета ја натерал да ја искористи можноста и да отвори приватна компанија со која ја пополнила празнината што се јавила во трговијата со хартија и канцелариски материјали.

Во текот на работењето, најголемиот проблем со кој се соочувала била наплатата, посебно од приватните фирми каде што над 30% од побарувањата останувале ненаплатени. Затоа Елисавета се фокусирала на клиенти како што се јавните и државните институции и започнала да ги користи факторинг-услугите на финансиското друштво „Фактор труст“, кое е акредитиран финансиски посредник на МРФП. Со претходна проверка на клиентите преку „Фактор труст“, ненаплатливите побарувања успеала да ги сведе под 5%. „Отсекогаш наплатата била проблем, со една третина ненаплатени побарувања не може да се опстои. За среќа, започнав да користам факторинг преку кој си ја подобрив ликвидноста, а наедно го зголемив и процентот на наплата, бидејќи ги проверувам клиентите пред да склучам договори за соработка. Факторингот ми помогна да добијам подобри услови при преговарање со своите клиенти и добавувачи“, рече Елисавета.