fbpx
Промоција на претприемништво
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

МРФП заедно со организацијата водечки апликант INI-Novation GmbH од Германија и партнерските организации BIC INNOBRIDGE (Бугарија), Budakov Films (Бугарија) Teleberry (Унгарија), Alanam (Франција) го спроведуваат проектот „CreatINNES – Стратегиско партнерство за иновации и развој на бизнис вештини во Културните и Креативните Индустрии“.

Општа цел на проектот е поддршка за создавање и развој на бизнисите во креативните и културни индустрии (ККИ сектор), со фокус на „аудио-визуелниот“ сектор и искористување на потенцијалот на Европското културно наследство преку создавање иновативни програми за развој на технички (ВЕТ) обуки за старт-апи и фриленсери.

Специфична цел: Развој на претприемачко образование и потребни вештини за ККИ секторот.

Проектот се состои од четири главни компоненти резултати/активности:

  1. Анализа и дефиниција на потреби за обука, квалификација и доквалификација во ККИ секторот.
  2. Развој на повеќејазични тренинг програми за комбинирано предавање (blended learning) за претприемништво наменети за ККИ фриленсери и старт-апи.
  3. Развој на повеќејазични тренинг програми за комбинирано предавање „Креативно размислување за иновација“ наменети за (дигитални) стар-апи.
  4. Веб-платформа за комбинирано предавање „КреатИННЕС Академија“
  5. Методологија за комбинирано предавање „КреатИННЕС“

МРФП ќе учествува во сите активности и ќе биде координатор на организација на таканаречените мултипликатор настани кои ќе бидат организирани со цел споделување на информација за проектот до локалните чинители, демонстрација на повеќе јазичните тренинг програми за комбинирано предавање и тестирање на истите.

Времетраењето на проектот е 36 месеци и ќе трае од 01.09.2018 г. до 31.08.2021 г.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 358.480,00 евра од кои буџетот на МРФП е 65.245,00 евра. Проектот е финансиран од Европската Комисија.