english version

Прва страница
За нас
Публикации
Студии и истражувања
Деловен план на МРФП 2007-2011
Контакт

Пребарај


Како до кредит од МРФП

   

Амбасада на Кралство Холандија во Р. Македонија го одбележа „Денот на Кралицата“, 29.04.2008

Промоција на идејни решенија за иновативни велосипеди во функција на бизнисот

На 29 април 2008 година, на плоштадот “Македонија“ во Скопје, се одржа манифестацијата “Денот на кралицата“ под мотото “Освежи се“, во организација на Амбасадата на кралството Холандија во Р. Македонија (АКХ).  Главна тема на манифестацијата беше промоција на велосипедот како алтернативно превозно средство, за заштита на животната средина и поддршка на бизнисот.

Во рамките на манифестацијата, МРФП како еден од организаторите, се вклучи со промоција на најдобрите идејни решенија за иновативни велосипеди во функција на бизнисот.

По објавен конкурсот за идејните решенија, од страна на МРФП и АКХ, беа доставени вкупно 68 идејни решенија. Доставените идејни решенија за иновативни велосипеди во функција на бизнисот, во најголем дел беа наменети за:  достава на документи, писма, алтернативен туризам, достава на земјоделски производи и храна, итн. Комисијата за избор, составена од претставници на МРФП и АКХ, според јавно воспоставени критериуми за избор, ги додели следните парични награди за избраните идејни решенија:

·         1 награда во износ од 500 ЕУР за идејното решение В2-9 за Лазар Сазданов и Ана Спасевска

·         2 награда во износ од 300 ЕУР за идејното решение Велосипед Кети за КАД-ИНГ

·         3 награда во износ од 100 ЕУР за идејното решение Велосипед за малопродажба и простор за реклама за Пеце Ангелевски

Комисијата за избор додели и специјална награда во износ од 100 ЕУР, за најголем број доставени идејни решенија од дизајнерот Климент Стеваноски.



www.gem-makedonija.org.mk

Деловен план на МРФП 2007-2011

 

Монографија на МРФП 1998-2008

 


Copyright 2003-2007. Сите права задржани од МРФП.

ул. Никола Парапунов бб, Поштенски фах 55, 1060 Скопје, Р. Македонија, Телефон: 02/3065-381