english version

Прва страница
За нас
Публикации
Студии и истражувања
Деловен план на МРФП 2007-2011
Контакт

Пребарај


Како до кредит од МРФП

   

Европска недела на мали и средни претпријатија

И оваа година МРФП беше еден од организаторите на Европскиот ден на претприемачот. Оваа година тој беше дел од манифестацијата Европска недела на малите и средните претпријатија – 1st European SME Week ’09, која на европско ниво е координирана од Европската комисија.

Во рамките оваа манифестација, МРФП организира панел дискусија насловена „Економската криза и пристапот до финансии“. Целта на панелот беше да се расветлат проблемите и решенијата во пристапот до финансии со кои се соочуваат претпријатијата и финансиските институции во услови на глобална криза. Говорници на настанот беа (на сликата одлево кон десно):

  • Владимир Матевски, Сојуз на стопански комори;
  • Снежана Андова, Штедилница Можности;
  • Тетјана Лазаревска, МРФП, во улога на модератор;
  • Иван Шверко, Хипо Алпе-Адриа-Банк д.д. Загреб;
  • Питер ван дер Хамен, ЦБИ консултант, Холандија; и
  • Антонио Аргир, НЛБ Тутунска банка АД Скопје.

Панелот се одржа на 8 мај 2009 г. во х. Александар палас со присуство на околу 150 интересенти од различен профил (претприемачи, банкари, државни институции), а беше пренесуван и во живо преку интернет.



www.gem-makedonija.org.mk

Деловен план на МРФП 2007-2011

 

Монографија на МРФП 1998-2008

 


Copyright 2003-2007. Сите права задржани од МРФП.

ул. Никола Парапунов бб, Поштенски фах 55, 1060 Скопје, Р. Македонија, Телефон: 02/3065-381