english version

Прва страница
За нас
Публикации
Студии и истражувања
Деловен план на МРФП 2007-2011
Контакт

Пребарај


Како до кредит од МРФП

   

На предлог на МЦМС

ТЕТЈАНА ЛАЗАРЕВСКА – ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА МРФП

Лазаревска е избрана од Одборот на старатели на МРФП, а функцијата Извршен директот ќе ја врши во периодот 2008–2011 година. 
 

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) го заврши изборот за Извршен директор за периодот 2008-2011.
Согласно новиот Статут на МРФП (бр. 01-67/1-2008), досегашната функција Застапник на МРФП е заменета со нова функција, Извршен директор.
По предлог на Институцијата за раководење со МРФП (Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС), Одборот на старатели на МРФП ја именува Тетјана Лазаревска за Извршен директор на МРФП.
Тетјана Лазаревска е родена на 19 мај 1961 година. По професија е дипломиран економист. По завршување на студиите до 1997 година работи во Младинскиот совет на Македонија. Во истиот период е со-сопственик на македонско холандска компанија и овластен сметководител на повеќе македонски компании. Во МЦМС работи од 1997 г., а од 2002 година е раководител на одделението за вработување. Основач е и член на неколку домашни и меѓународни граѓански организации.
Во периодот 1998 година до 2008 година застапник на МРФП беше Сашо Клековски. Тетјана Лазаревска ќе ја преземе функцијата Извршен директор на МРФП од 15.10.2008 година.



www.gem-makedonija.org.mk

Деловен план на МРФП 2007-2011

 

Монографија на МРФП 1998-2008

 


Copyright 2003-2007. Сите права задржани од МРФП.

ул. Никола Парапунов бб, Поштенски фах 55, 1060 Скопје, Р. Македонија, Телефон: 02/3065-381