english version

Прва страница
За нас
Публикации
Студии и истражувања
Деловен план на МРФП 2007-2011
Контакт

Пребарај


Како до кредит од МРФП

   

                  
           
10 ГОДИНИ МРФП

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) оваа година слави 10 години од своето постоење. Овој прв голем јубилеј, МРФП го одбележува со импозантни податоци за постигнувањата и во финансиските и во нефинансиските услуги, 25.11.2008.


МРФП, од основањето до денес, исплати кредити во вкупен износ од 1.411.533.682 МКД (23,07 милиони евра) кон 5.509 индивидуални земјоделци, микро и мали претпријатија. Исплатата се реализираше преку акредитирани финансиски посредници: НЛБ Тутунска банка (1998-2008), Штедилница Можности (1998-2008), Радобанк (1998-2003) и ИК банка (2003-2008) кои на вкупниот износ на средства за кредити повлечени од МРФП, дополнително вклучија уште 5,65 милиони евра. Со овие кредити поддржани се 9.506 работни места и нови 1.960, како резултат на нови инвестиции.
Покрај финансиските, МРФП поддржа и нефинансиски услуги.            Во десетгодишната работа беа реализирани 86 проекти, дефинирани во разни програми и активности: преку градење на капацитетите на акредитираните финансиски посредници, на нефинансиски посредници, на здруженија на земјоделци и претприемачи, до самите претприемачи, застапување и лобирање и информации и размена. Со овие проекти опфатени се 13,873 корисници. Со примена на овој пристап, МРФП го следи еден од десетте принципи за развој на пазарот – јасно раздвојувајќи ја улогата на обезбедувач и фацилитатор.
Остварувањето на својата визија - намалување на сиромаштијата и невработеноста и воспоставување на социјалната кохезија, МРФП и натаму ќе го прави преку поддршка на развојот на малите претпријатија, што е и нејзина мисија. Малите претпријатија се важни за економијата и општеството, бидејќи ги намалуваат големите разлики во благосостојбата и ја обезбедуваат потребната флексибилност преку нивната брзина и иновативност. Фокусот на МРФП во развојот на малите претпријатија е базиран врз два столба: пристапот до финансии и промоција на претприемништвото.
Релевантноста на ова е позитивно оценето и потврдено со оценката на МРФП и глобалните искуства.
 


















www.gem-makedonija.org.mk

Деловен план на МРФП 2007-2011

 

Монографија на МРФП 1998-2008

 


Copyright 2003-2007. Сите права задржани од МРФП.

ул. Никола Парапунов бб, Поштенски фах 55, 1060 Скопје, Р. Македонија, Телефон: 02/3065-381