Финансиски услуги
ДотрајуваMРФП постојано го подобрува пристапот до финансиските услуги и на тој начин се бори против сиромаштијата. Добрите идеи и посветените претприемачи треба да имаат пристап до потребната финансиска поддршка. Ваквиот пристап на МРФП придонесе до крајот на 2019 г. да се исплатат над 3,37 милијарди денари (54,8 милиони евра) кон 15.847 клиенти. На овој начин се поддржани вкупно 21.676 постојни и 6.138 планирани работни места.
Промоција на претприемништвото
ДотрајуваДа се биде претприемач значи да се преземе иницијатива и одговорност за сопствениот успех. Ова е идејата водилка на МРФП во промоцијата на претприемништвото. На Македонија ѝ се потребни повеќе лица спремни да преземат акција и да ја ослободат сопствената креативна енергија. Индивидуалниот успех води кон подобрување на заедницата, а тоа отвора можности за поголемо влијание на развојот за кој поддржувачкиот амбиент е предуслов.