Оваа група активности претставува инвестиција на МРФП во истражување и развој на разни аспекти на претприемништвото во Македонија (т.е. во целната област), како придонес за развој на политики, за поттик на иновации и претприемништво. Темите и секторите се одредуваат според конкретните развојни потреби и стратегии на Македонија.
Реализирани активности
МРФП и Центарот за развој на нови бизниси (БСЦ), од 2008 година го сочинуваат Националниот тим на Глобалното истражување на претприемништвото – ГЕМ, најголемо истражување на претприемништвото во светот. Тоа претставува годишна оценка на претприемништвото на национално ниво, а се спроведува секоја година во над 50 земји од светот. ГЕМ има за цел да ги измери и спореди разликите во степенот на развој на почетните претприемачки активности помеѓу земјите учеснички во истражувањето, да ги детерминира факторите кои го одредуваат степенот на претприемачките активности и да ги идентификува политиките кои може да го зголемат нивото на претприемачките активности.
Во рамки на одделни програмски активности, МРФП спроведе и други истражувања:
Промоција на женско претприемништво
- Извештај од истражувањето за состојбата на женското претприемништво во Струшкиот регион
- База на податоци за Претпријатија на жени претприемачи во Струшкиот регион
Пат кон кариера
Зголемување на учеството на жените Ромки на пазарот на труд
- Предизвици и совети за вработување, домување, правна и здравствена помош на маргинализираните групи (Прирачник)
- Предизвици и совети за вработување, домување, правна и здравствена помош на маргинализираните групи (Брошура)
Општествена одговорност на претпријатија