Фондовите на МРФП и влијанието на инфлацијата
Номиналната вредност на вкупните фондови на МРФП во периодот од 2005 г. до 2018 г. постојано се зголемува како резултат на остварениот вишок на приходи над расходи на годишно ниво. Истата доколку се коригира со стапката на инфлација во Македонија повторно може да се забележи дека има нагорен тренд за целиот период, со исклучок на 2008 г. кога стапката на инфлација во Р.М. изнесува 8.3%.
Фондови и инфлација во РСМ
Иста е состојбата и со номиналната вредност на вкупните фондови на МРФП изразени во евра. Вредноста на фондовите коригирани со инфлацијата во евро зоната, бележат нагорен тренд за целиот период без да го загрозат фондот формиран од донација на почетокот од 2005 г.