Подобрување на вработувањето на жените од етничките малцинства во источниот регион
МРФП во конзорциум со партнерите: Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) и Хуманитарното здружение на Ромите КХАМ, во периодот од 06 ноември 2012 г. до 20 мај 2016 г. го спроведуваа проектот „Пат кон кариера - Подобрување на вработувањето на жените од етничките малцинства во источниот регион“.
Општа цел на проектот беше придонес кон интеграција на жените од малцинските етнички заедници од руралните средини во пазарот на труд.
Специфична цел на проектот беше зголемување на вработеноста на жените од помалите етнички заедници од руралните средини во источниот регион на Република Македонија.
Со проектот остварени се следните резултати:
- Информирани и мотивирани невработени жени од малцински етнички заедници и локални бизниси од руралните средини со цел спојувања за вработување;
- Развиени стручни и претприемачки вештини на жените од малцинските етнички заедници со цел интеграција на пазарот на труд; и
- Основани и поддржани групи за застапување за промоција на (само)вработувањето на жени од малцински етнички заедници.
Со активностите на проектот 34 жени посетуваа обуки за развој на технички вештини, додека пак, практични вештини стекнаа 72 жени кои беа ангажирани во 24 претпријатија. Околу 120 жени беа вклучени во обуките за претприемништво и за комуникациски вештини. Еден дел од нив ги искористија новите вештини и ги развија своите бизнис идеи во бизнис планови.
Времетраењето на проектот беше од 06.11.2012 г. до 20.05.2016 г.
Вкупниот буџет на ППК изнесуваше 247,857.02 ЕУР. Проектот беше финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА Програмата за развој на човечки ресурси, преку Секторот за финансирање и склучување договори - ЦФЦД при Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика. Европската комисија обезбеди 90% од буџетот на проектот, а остатокот како кофинансирање беше обезбедено од МРФП, ССК и КХАМ.