ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на извршен директор на
Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП)
Се објавува конкурс за избор на извршен директор на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Скопје.
Извршниот директор е извршен орган, односно орган на секојдневно управување со МРФП.
Мандатот на извршениот директор на МРФП е пет години, започнувајќи од 01.01.2026 година, со право на повторни избори.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи и посебни услови:
- високо образование;
- најмалку 4 години работно искуство на раководни позиции;
- познавање на мисијата на МРФП и концептите на граѓанско општество;
- знаења за општ менаџмент, организациски развој и планирање, набљудување и оценување; за алокација на ресурси, буџет, финансиско раководење и известување; за основните концепти за раководење со човечки ресурси; и за системи и процедури.
- способност за водство, управување и мотивирање на другите и за комуникација и презентација;
- да биде личност со висок интегритет, одговорност и отчетност и со почит кон другите и прифаќање на разликите.
Пријавувањето се врши со:
- Биографија;
- Краток есеј за прашање од значење за МРФП (до три страници);
- Кратка изјава за сопственото видување на МРФП (до една страница);
- Кратка изјава за целите во кариерата (до една страница).
Јавниот конкурс е отворен од 06.12.2025 до 21.12.2025 година.
Описот на работното место е достапен овде.
Документите треба да се достават електронски на следната адреса:
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во име на проектот финансиран од Европската унија „Зелена младина, зелен раст“ објавува Повик за финансиска поддршка на акции за зелена трансформација.
Повикот има визија да ги поддржи граѓанските организации во Северна Македонија во спроведување иновативни зелени иницијативи кои ќе придонесат кон справување со климатските промени, заштита на животната средина и унапредување на циркуларната економија.
Специфичната цел на овој повик е: зајакнати капацитети и зелени акции на локални граѓански организации за општествено-економски и еколошки развој и зголемена еколошка одговорност.
Акциите кои ќе се поддржат преку овој Повик треба да бидат насочени кон реалните потреби на локалното население. Се очекува акциите да бидат иновативни, да продуцираат опипливи резултати и да обезбедат долгорочно влијание.
Краен рок за поднесување на пријавите
15 декември 2025 година, до 16:00 часот (локално време, Скопје).
Финансиска рамка
Вкупниот индикативен износ на акциите кои ќе бидат поддржани преку овој повик е 9.225.000 денари.
Вкупните прифатливи трошоци на проектните акции во рамките на овој повик мора да се движи меѓу следниве минимални и максимални износи:
- минимален износ: 615.000 денари.
- максимален износ: 922.500 денари.
Секој грант побаран во рамките на овој мора да се движи меѓу следниве минимални и максимални проценти од вкупните прифатливи трошоци за акцијата:
- минимален процент: 60% од вкупните прифатливи трошоци на акцијата.
- максимален процент: 90% од вкупните прифатливи трошоци за акцијата
Салдото (т.е. разликата помеѓу вкупниот трошок на акцијата и износот побаран од Договорниот орган) мора да се финансира од други извори, а не од општиот буџет на Европската унија.
Информативни сесии
За овој повик ќе се одржат информативни сесии најдоцна до 24 ноември 2025 година.
Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на информативните сесии треба да изразат интерес преку е-пошта на:
Упатства и обрасци за аплицирање
Деталните упатства и потребните обрасци за аплицирање може да ги преземете подолу:
Обрасци за поднесување пријава:
Пријавите се поднесуваат електронски, на е-пошта:
Проектот „Зелена младина, зелен раст“ е финансиран од Европската унија, а е спроведуван од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во партнерство со Џуниор Ачивмент Македонија (ЏА) и Центар за едукација и претприемништво Можности (ЦЕП Можности).

Oбјавуваме оглас за вработување на 2 соработници/чки на определено време од шест месеци, со можност за продолжување, на работно место Помлад соработник на проекти во Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП). Рокот за пријавување e 08.09.2024 г. Документите треба да се достават на следната адреса:
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во име на проектот финансиран од Европската унија „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“ објави трет Повик за финансиска поддршка за: А) Промовирање на иновативни инвестициски проекти во земјоделството, шумарството и земјоделско-прехранбената индустрија, Б) Подобрување на конкурентноста преку унапредување на соработката меѓу земјоделците во Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот плански регион и Преспанскиот регион.
Македонската развојна фондација за претпријатија ја спроведува програмата AgriSkills, иницијатива која го трансформира секторот земјоделие преку развој на обука за користење на модерни технологии во земјоделуието и развој на претприемачки вештини. Проектот е финансиран од програмата Еразмус+ и има за цел зголемување на свеста за градење на вештини за дигитално, прецизно и паметно земјоделство.






