fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

На 2 октомври, 2019 година, беше организиран првиот настан за споделување и мултиплицирање на резултатите од проектот „CreatINNES” - Стратешко партнерство за иновации и развој на бизнис вештини во културните и креативните индустрии на тема „Претприемништво и креативност – кога еден плус еден е повеќе од два“. Овој настан беше организиран од три организации - нашиот унгарски партнер Телебери, Универзитетот за уметност Мохоли-Наги и Лабораторијата за иновации на Централно-европскиот универзитет, во просториите на унверзитетот во Будимпешта.

Pretpriemnishtvo i kreativnost Koga eden plus eden e povekje od dva 1

Целта на настанот беше да се подобри дијалогот помеѓу креативните и културните индустрии, компаниите за дигитална технологија и финансиските инвеститори и да се поттикнат претприемачки вештини во креативните и културните индустрии. Соодветно на тоа, целната публика на настанот беше составена од претставници на компании и млади претприемачи во креативната и културната индистрија (ККИ), хонорарци, студенти од ККИ и претставници на технолошки бизниси кои ја ценат креативноста.

На настанот предавање одржа и Димитар Смилјановски, претставник на Македонската развојна фондација за претпријатија на тема „Планирање, организирање и управување - визуелизација на претприемачкиот пат“. Темата е поврзана со првиот модул за обука од програмата „Претприемништво за старт-апи од креативната и културната индустрија“ која се развива како дел од проектот CreatINNES.

Pretpriemnishtvo i kreativnost Koga eden plus eden e povekje od dva 2

Повеќе информации