fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) Ве поканува на вториот настан кој е дел од програмата CreatINNES и ќе се одржи онлајн на 21 јуни 2021 г. (понеделник), 10:00 – 11:30 часот. Информациите за вклучување на настанот ќе ги добиете дополнително по регистрацијата на: http://bit.ly/creatinnes2

event cover mrfp

Опис на настанот:

Кои се можностите за поттикнување на развојот и растот на старт-апите во земјата, вклучително и оние од креативната индустрија? Кои се искуствата на организациите кои работат со нив и што е пресудно за успех на еден бизнис? Дали тоа е добрата и креативна идеја или пак подготвеноста на тимот кој ја спроведува?

Поканетите експерти преку панел дискусија ќе се обидат да дадат одговор на овие прашања. Тие ќе го споделат своето широко искуство преку презентација на различни програми кои можат да придонесат за развој на Вашиот старт-ап или воспоставен бизнис.

На овој настан ќе слушнете повеќе за дел од можностите за техничка и финансиска поддршка наменета за старт-апи. Ќе бидат опфатени можностите кои се нудат локално и во регионот, а исто така ќе бидат презентирани можностите за соработка и учество во програми поддржани од дијаспората.

Сакаме да ги инспирираме студентите, фриленсерите и бизнисите во секторот на креативната и културна индустрија да вложуваат во нови знаења и вештини, како и да ги искористат можностите кои им се нудат на пазарот.

Презентери:

jasmina1Јасмина Поповска е Business Creation Manager како дел од Европскиот институт за иновации и развој на технологија (EIT) во секторот EIT Manufacturing во Виена, Австрија. Таа има повеќе од 15 години искуство во секторот на раководење со инвестициски фондови, обезбедување на финансиски услуги, развој на иновации и поддршка на старт-апи и мали и средни препријатија. Ментор е на бројни иновативни бизниси во рана фаза и е член на управните органи на повеќе македонски фондации за поддршка на домашниот сектор.

nikica1Д-р Никица Мојсоска-Блажевски е Главен извршен директор на Македонија2025, непрофитна организација со фокус на поттикнување на развојот на економијата и лидерството во соработка со бизнис секторот, државните институции и образовниот сектор. Таа има многугодишно искуство како истражувач, консултант, советник за економски, трудови и образовни политики во Македонија и регионот на западен Балкан.

stambol1Александар Стамболиев е Главен извршен директор на бизнис акселераторот УКИМ (БАУ), технолошки акселератор воспоставен за идентификација и поддршка на растот на технолошки ориентирани претприемачи и нивните бизниси, spin-off и scale-up компании од Македонија. Фокусиран е кон поттикнување на иновативни пристапи за развој на бизнисот и имплементација на програми за развој на капацитетите на технолошки и креативно ориентирани компании.

laze1Лазар Неданоски е Извршен директор на Македонската развојна фондација за претпријатија - МРФП. Тој има над 20 години професионално искуство во управување со програми за економски развој, развој на бизниси и градење на капацитети. Неговите области на експертиза се проектен менаџмент, претприемништво и деловно планирање. Поседува и широко меѓународно консалтинг искуство преку учество во програми на International Finance Corporation – IFC, Resource Global Professionals и други.

Преземете ја агендата за настанот.

Организатор: Македонска развојна фондација за претпријатија – МРФП

Информации за програмата:

МРФП заедно со организацијата INI-Novation GmbH од Германија која е водечки апликант и партнерските организации BIC INNOBRIDGE (Бугарија), Budakov Films (Бугарија) Teleberry (Унгарија), Alanam (Франција) го спроведуваат проектот „CreatINNES – Стратегиско партнерство за иновации и развој на бизнис вештини во Културните и Креативните Индустрии“ финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+. Овој настан е дел од оваа програма.