fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Македонската развојна фондација за претпријатија, денес, 21 јуни 2021 г. го одржа онлајн настанот: „CreatINNES – Можности за поддршка на креативни бизниси и старт-апи. Како до развој и брз раст на еден креативен бизнис”.

Ilustracija so govornici

Реномирани експерти од Македонија, пред повеќе од 100 креативци, фриленсери, студенти, бизнис почетници и претставници на бизнис секторот, го споделија своето искуство преку презентација на различни програми, можности и перспективи во земјава и регионов, кои можат да придонесат за развој на еден старт-ап или воспоставен бизнис.

Лазар Неданоски, извршен директор во Македонската развојна фондација за претпријатија, ја презентираше програмата „CreatINNES”, финансирана од Европската Унија, преку програмата Еразмус+, како и бесплатната онлајн платформа за обуки “CreatINNES Academy“, која содржи две програми: „Претприемништво за фриленсери и старт-апи од креативната и културна индустрија“ и „Креативно размислување за развој на иновации“ преку кои може да се стекнат многу нови знаења и вештини.

Преку презентацијата на Александар Стамболиев, главен извршен директор на бизнис акселераторот УКИМ (БАУ), учесниците се запознаа со достапните програми кои нудат техничка и финансиска поддршка за старт-апите во земјава преку овој акцелератор, како и можност за подобар пристап до пазарот.

Јасмина Поповска од Европскиот институт за иновации и развој на технологија (EIT), која работи како Business Creation Manager во секторот EIT Manufacturing во Виена, ја презентираше регионалната и европска перспектива на можностите за поддршка на старт-апи и мали и средни претпријатија преку програми за развој на бизнис, пристап до пазари, клиенти и финансии, како и комерцијализација на иновации. Jumpstarter, BoostUp!, EIT Urban Mobility, EIC Accelerator, EIF - Заеми за МСП, EACEA 2021-2027, се дел од програмите кои Поповска ги истакна во своето обраќање.

Д-р Никица Мојсоска-Блажевски, главен извршен директор на Македонија2025, поттикна за користење на достапните можности за поддршка на развој и лидерството на македонските претприемачи, старт-апи и компании како: Leader Training, The Bitove Family Entrepreneurship Program, Connect2MK и други.

Главната цел на настанот беше да се промовираат можностите за техничка и финансиска поддршка кои се достапни за старт-апите и бизнисите, вклучително и за тие од креативната и културната индустрија и да се поттикне нивна поголема искористеност во насока на побрз раст и развој не само на домашно, туку и на регионално и европско ниво.

Тој е дел од програмата „CreatINNES”, финансирана од Европската Унија, преку програмата Еразмус+.