fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Jumpstarter logo2022 banner 1280x720px

Македонската развојна фондација за претпријатија Ве поканува да учествувате на онлајн работилница наменета за сите што имаат иновативна бизнис идеја за производ или услуга и сакаат да аплицираат на EIT Jumpstarter за 2022 година. Работилницата има за цел да Ве запознае со EIT Jumpstarter - една од најпознатите и најголемите европски пред-акцелераторски програми која нуди пристап до европската старт-ап заедница и освојување на парични награди до 10.000 евра.

Работилницата ќе се одржи на 31.03.2022 г. од 11:00 до 14:00 часот, онлајн, на платформата ЗУМ.

РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ НА: https://bit.ly/Jumpstarter2022

На работилницата ќе имате можност да се запознаете со условите за аплицирање и придобивките кои ги нуди програмата, а во интерактивниот дел ќе имате можност да поминете низ чекорите за апликација, да дознаете како да подготвите соодветна апликација, да ја презентирате Вашата бизнис идеја и да добиете насоки од нашите соработници.

Работилницата е наменета за:

  • Носителите на иновативна бизнис идеја кои размислуваат да формираат и развијат старт-ап компанија,
  • Сите заинтересирани за EIT Jumpstarter програмата за 2022 година, кои сакаат да се запознаат со можностите кои таа ги нуди, начинот на аплицирање и сакаат да ја проверат соодветноста на нивната бизнис идеја преку учество во интерактивна работилница,
  • Индивидуалци, иноватори, проектни тимови, научници, студенти, докторанди, магистри кои сакаат да ги поместат постоечките пазари во секторот: производство, здравство, агри-фуд, суровини, енергија или урбана мобилност. 

За EIT Jumpstarter:

EIT Jumpstarter е многу селективна, конкурентна европска програма. Учеството во неа, ги отвора вратите кон европските пазари и ги поврзува најдобрите тимови со шесте големи индустриски партнери на EIT Заедниците како што се GE Healthcare, Siemens, Philips, Roche, Bosch, Nestlé, Pepsico и Maspex, меѓу другите. Успешните апликанти ќе имаат можност да учествуваат во 8-месечна пред-акцелераторска програма заедно со старт-апи од цела Европа, да го пронајдат и потврдат најдобриот бизнис модел за нивната иновативна идеја. Курсевите се засноваат на lean start-up методологијата од Силиконската долина преведена во европската средина. Во текот на програмата предвидена е поддршка за патување и сместување, а најдобрите тимови во секоја категорија ќе имаат шанса да освојат парична награда од 10.000 евра.

Повеќе за EIT Jumpstarer 2022 можете да најдете на:
https://eitjumpstarter.eu/why-eit-jumpstarter/

Македонската развојна фондација за претпријатија е локален партнер на EIT Jumpstarter програмата за 2022 година.