Македонската развојна фондација за претпријатија го организира настанот „Права на интелектуална сопственост и географска ознака во областа на културниот туризам и културното наследство“. Настанот ќе се одржи на 28.02.2023 (вторник) од 11:00-12:00 часот, во просториите на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (Амфитеатар, Кампус 4).
Главната цел на овој настан е преку споделување искуства, знаења и добри практики од дома и од странство да покажеме како примената на правата на интелектуална сопственост може да донесе придобивки во секторот на културен туризам и културно наследство.
Претставниците од Македонската развојна фондација за претпријатија ќе се обидат да инспирираат и поттикнат што поголем број на студенти, чинители во секторот туризам да вложуваат во развој на нови знаења и вештини. Овој настан ќе им ги прошири погледите во однос на можностите кои стојат на располагање во делот на заштита на нивната интелектуална сопственост. Ќе бидат опфатени темите на видови права на интелектуална сопственост, нивна примена за економски придобивки, како и добри практики во секторот на културен туризам и културно наследство.
На настанот ќе се престави и програмата „Learn-IP” финансирана од Европската унија, преку програмата Еразмус+. Оваа програма нуди пристап до материјали и можности за проширувања на знаењата во областа на интелектуалната сопственост со фокус на секторот културен туризам и културно наследство. Зад програмата „Learn-IP”, стои стратешко партнерство од пет европски организации од Македонија, Германија, Шпанија, Бугарија и Романија.
Програмата и настанот се наменети за студенти и чинители во секторот туризам, културен туризам, културно наследство и други. Повеќе информации може да најдете на: https://learn-ip.eu/
Искрено веруваме дека Вашето споделување за овој настан, ќе придонесе за промовирање на важноста од примена на правата на интелектуална сопственост како еден од клучните фактори за заштита и развој.