Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) ги поканува сите заинтересирани правни лица да учествуваат во отворениот повик за изработка на програма за обука, спроведување на обука и менторство за мобилизација на фондови за младински иницијативи во руралните средини. Темата на предложената обука е согласно заклучоците од спроведеното теренско истражување направено во рамки на проектот „Потпри се на младите“ за потребите на младите од руралните средини во Пелагонискиот, Полошкиот, Југоисточниот и Северозападниот плански регион. Крајни корисници на обуката и менторството ќе бидат млади и претставници на граѓанските организации заинтересирани за мобилизација на фондови за младински иницијативи во горенаведените плански региони и рурални средини.
Право на учество имаат сите заинтересирани правни лица кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација.
Изборот на најповолни понудувачи ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.
Детален опис на потребната услуга е даден во тендерската документација и Описот на надлежности кој е составен дел на оваа покана. (Прилог 1).
Тендерската документација е во прилог и вклучува:
- Инструкции за понудувачите
- Прилог 1. Опис на надлежности
- Прилог 2. Листа на доверливи информации (образец)
- Прилог 3. Изјава за независна понуда (образец)
- Прилог 4. Преглед на реализирани проекти/услуги (образец)
- Прилог 5. Организација и методологија на обезбедување на очекуваните услуги (образец)
- Прилог 6. Финансиска понуда (образец).
Преземи документација: Повик за обучувач и ментор DOCX | PDF
Заинтересираните понудувачи во својата понуда, покрај пополнетите обрасци наведени погоре потребно е да достават и CV (кратка биографија) на 1 (еден) предложен експерт за испорака на бараните услуги.
Рокот за доставување на понудите е 02.02.2023 до 16:00 часот.
Индикативен период за спроведување на услугата и испорака на бараниот аутпут е февруари 2023 – март 2023 г.
Понудите се поднесуваат во оригинал на адреса: Македонска развојна фондација за претпријатија, ул. Никола Парапунов бр. 41а, 1060 Скопје пат со назнака: „За повик бр. 02/ПОМ/2023/“.
Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Потпри се на младите“ кој е финансиран од Европската Унија и во партнерство го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Рурална коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери.