Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) ги поканува сите заинтересирани млади и претставници на граѓански организации да се пријават за учество на обука и менторство за мобилизација на фондови за младински иницијативи во руралните средини.
Право на учество имаат млади и претставници на граѓански организации (невладини и непрофитни организации со седиште во Македонија) кои имаат потреба и се заинтересирани да се пријават на повикот за грантови за младински иницијативи и акции во руралните средини во Пелагонискиот, Полошкиот, Југозападниот и Североисточниот плански регион, објавен од МРФП во име на проектот „Потпри се на младите“ на следниот веб-линк.
Обуката ќе биде организирана во Скопје во форма на работилница, во времетраење од 2 дена (во непоследователни работни денови). Во договор со обучувачот ќе биде испорачано и менторство со секој од кандидатите. Индикативен период на спроведување обуката и менторството е февруари 2023. За учесниците кои не се од Скопје, ќе бидат покриени патните трошоци.
Максималниот број на учесници е ограничен. Критериумите за избор на учесниците на обуката се: „прв дојден, прв услужен“, родова, возрасна, рурална и регионална застапеност на пријавените учесници. Предност се дава на лица од женски род, млади, претставници на организации со седиште во рурални места и еднаква застапеност на целните региони.
Пријавувањето се врши со поднесување на целосно пополнет образец „Пријава за обука и менторство“ кој е даден во Прилог. 1 од овој Повик.
Пријавите се доставуваат електронски, на адреса
Рокот за пријавување е продолжен до 03.02.2023 г. до 16:00 часот.
Учеството на обуката и менторството не подразбира добивање грант за младински иницијативи и акции.
Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Потпри се на младите“ кој е финансиран од Европската Унија и во партнерство го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Рурална коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери.