Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во име на проектот финансиран од Европската унија „Зелена младина, зелен раст“ објавува втор Повик за финансиска поддршка на акции за зелена трансформација.
Повикот има визија да ги поддржи граѓанските организации во Северна Македонија во спроведување иновативни зелени иницијативи кои ќе придонесат кон справување со климатските промени, заштита на животната средина и унапредување на циркуларната економија.
Специфичната цел на овој повик е: зајакнати капацитети и зелени акции на локални граѓански организации за општествено-економски и еколошки развој и зголемена еколошка одговорност.
Акциите кои ќе се поддржат преку овој Повик треба да бидат насочени кон реалните потреби на локалното население. Се очекува акциите да бидат иновативни, да продуцираат опипливи резултати и да обезбедат долгорочно влијание.
Краен рок за поднесување на пријавите
08 јуни 2026 година, до 16:00 часот (локално време, Скопје).
Подобност на подносителите
За да биде подобен за доделување грант, главниот подносител мора:
- да биде правно лице,
- да биде непрофитна организација,
- да биде невладина организација,
- да биде регистриран согласно Законот за здруженија и фондации,
- да е основан, да има седиште и акцијата да ја спроведува локално во наведените општини и плански регион на кој припаѓа, и тоа:
o Општините Кочани, Зрновци, Чешиново-Облешево и Виница,
o Било кои општини од Југоисточниот плански регион,
o Било кои општини од Југозападниот плански регион,
o Било кои општини во Североисточниот плански регион.
- да биде директно одговорен за подготовката и управувањето со акцијата.
- да не е корисник на грант/подгрант/финансиска поддршка преку проект финансиран од преку Европската унија, грантова шема: EuropeAid/178565/DD/ACT/MK
Финансиска рамка
Вкупниот индикативен износ на акциите кои ќе бидат поддржани преку овој повик е 4.600.000 денари.
Вкупните прифатливи трошоци на проектните акции во рамките на овој повик мора да се движи меѓу следниве минимални и максимални износи:
- минимален износ: 615.000 денари.
- максимален износ: 922.500 денари.
Секој грант побаран во рамките на овој мора да се движи меѓу следниве минимални и максимални проценти од вкупните прифатливи трошоци за акцијата:
- минимален процент: 60% од вкупните прифатливи трошоци на акцијата.
- максимален процент: 90% од вкупните прифатливи трошоци за акцијата
Салдото (т.е. разликата помеѓу вкупниот трошок на акцијата и износот побаран од Договорниот орган) мора да се финансира од други извори, а не од општиот буџет на Европската унија.
Информативни сесии
За овој повик ќе се одржи информативна сесија најдоцна до 09 мај 2026 година.
Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат треба да изразат интерес преку е-пошта на:
Упатства и обрасци за аплицирање
Деталните упатства и потребните обрасци за аплицирање може да ги преземете подолу:
- Повик за финансиска поддршка
- Прашања и одговори (ќе бидат објавени дополнително)
Обрасци за поднесување пријава:
Пријавите се поднесуваат електронски, на е-пошта:
Проектот „Зелена младина, зелен раст“ е финансиран од Европската унија, а е спроведуван од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во партнерство со Џуниор Ачивмент Македонија (ЏА) и Центар за едукација и претприемништво Можности (ЦЕП Можности).







