fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

dusko-manasievДушко Манасиев долги години работел во текстилна фабрика во Германија и решил стекнатото искуство да го примени во свој бизнис. Во почетокот тоа била мешовита германско-македонска фирма, а по неколку години, тој продолжил со работата како единствен сопственик на бизнисот на фабриката Елком од Делчево.

„Главниот целосен производ ни се женски хулахопки и чорапи, кои ги продаваме на големи трговци од земјата, но и од Косово, каде имаме позначаен трговски партнер“, вели Манасиев. Кризата имала влијание и на овој бизнис, па менаџерите се соочиле со намалена побарувачка и отежната наплата. Поради тоа, Манасиев ја продолжил претходната соработка со штедилницата Можности, преку која користел средства од кредитната линија на МРФП.

Сепак, ова не ги обесхрабрува во Елком. Тие очекуваат зголемување на побарувачката и „ако сè оди според планот“, вели Душко, „планираме да воведеме и трета смена.“ Подолгорочните планови на Елком се поврзани со преселување на производствениот капацитет на индустриска локација, која веќе е во сопственост на Манасиев.