fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

samir-idrisiДолгогодишната работа на произведување цемент го поттикнала Самир Идриси да се испроба со сопствен бизнис во истата област. Пред 16 години започнал со производство на цементни тули во својата фирма, Идриси комерц. Оваа година Самир решил да го проширува бизнисот и во потрага по дополнителен капитал дошол до средствата на МРФП преку штедилницата Можности. „Од оваа година започнав со увоз и продажба на плочки, а го зголемив и производството на цементни блокови до 100.000 годишно.

Соработката најчесто ја остварувам во земјата, но соработувам и со Турција, со Албанија и со Косово“, вели Самир. Во Идриси комерц работат 14 лица, а плановите за иднина не завршуваат тука. Самир планира да набави посебна машина која ќе го олесни производството на цемент, но која чини
200.000 евра. „За новиот потфат ќе ми биде потребен кредит“, вели тој, „ама полека, едно по едно“.