fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

sasho-stankovski„Одгледувањето печурките е многу макотрпна работа, но исплатлива, мора да се внимава на температурата, хигиенските услови“, вели Сашо Станковски, кој берберскиот занает решил да го замени за одгледување буковка. Започнување на оваа нова дејност за Сашо Станковски било возможно со средствата од кредитната линија на МРФП што ги обезбедил преку штедилницата „Можности“

„Минатата година беше добра. Успеав да произведам околу 2,5 тони буковка. 50 % од продажбата ми останува како профит. На големо ја давам по скопските ресторани, некои од нив се и познати, а остатокот го продавам на пазар. Со наплатата се снаоѓаме некако. Вообичаената цена е 150 денари од килограм. Со овој капацитет што го имам произведувам околу 100 кг дневно. Но, за во иднина сакам да го зголемам објектот за да можам да произведувам уште повеќе. Пласманот не е тежок“, ни кажа Сашо во текот на нашиот разговор.