fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

sadrija-trubljanin„Македонија е многу поволна земја за развој на земјоделството и колку повеќе луѓе се занимаваат со него, толку подобро“, вели Садрија Трубљанин од Долно Коњаре. По потекло е од Црна Гора и целиот свој живот се занимава со земјоделство. „Поседувам 5 хa сопствено земјиште, а 10 ха ги обработувам под концесија“, ни раскажува нашиот домаќин. „Одгледувам житарки, јачмен и луцерка. Во моментот чувам 15 молзни крави.

Соработував со млекарницата Сведмилк (Swedmilk), ама поради настанатата ситуација, продажбата на млекото ја пренасочив кон млекарницата ’Олми’ од Куманово“, додава тој.

Од кредитната линија на МРФП, преку ИК Банка, во октомври 2008 година, добил кредит во износ од 3.000 евра. Кредитот го употребил за набавка на семенски материјал и сејалка, која значително му ја олеснила и осовременила работата, а притоа се зголемила и продуктивноста. „Кредитот мора да се искористи исклучиво за намената и тоа е сигурен показател дека тој ќе биде уредно вратен, бидејќи тоа е инвестиција од која се профитира“, вели Трубљанин. „Заради тоа, треба да се биде реален во врска со висината на своите кредитни побарувања, тие да бидат во согласност со можностите.

Инаку, повеќе сакам да бидам клиент на банка, отколку да позајмувам средства од пријатели“, додаде Садрија. Земјоделството е семеен бизнис и сите шест членови се вклучени во секојдневната работа. Садриа смета дека образованието е најважно и ги поттикнува децата да напредуваат во својата едукација, без оглед на видот на работата со којашто моментално се занимаваат. Неговите планови за иднина се поврзани со проширувањето на семејниот бизнис преку отворање млекарница чија изградба веќе е започната.