fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

zarko-gapicПечатницата „Графохартија“, која е сместена во с. Јурумлери, има историја долга 30 години. За осовременување на машинскиот парк преку набавка на машина за флексопечатник од Германија, „Графохартија“ користи кредит од кредитната линија на МРФП, преку НЛБ Тутунска банка. Кредитот е во износ од 60.000 евра. Оваа машина обезбедува поголема профитабилност, поради фактот што нејзиниот помал обем ја прави пофлексибилна за овдешниот пазар.

„Република Македонија е мал пазар за овој бизнис, па не е исплатливо да се инвестира во големи машини“, смета Жарко Гапиќ. „Но, од друга страна, тоа нè прави неконкурентни за надворешниот пазар поради недостигот на најсовремени машини, а со тоа и на квалитетни производи“, додава тој. Сепак, „Графохартија“, освен со клиенти од Македонија, соработува и со клиенти од Косово и од Албанија, а располага и со сопствена дистрибуција. Притоа, според Гапиќ, печатницата нема многу голема конкуренција во Македонија, заради условите кои ги нуди.

Плановите за иднина започнуваат да се остваруваат. Веќе се доградува нов објект, а проширувањето е во насока на зголемувањето на продуктивноста, како и на исполнувањето на современите стандарди.