fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Femili pet KumanovoДистрибуцијата на храна и опрема за домашни миленици за Игор Александровски е речиси предодредно занимање. Уште од малечок е дел од овој бизнис, благодарение на неговиот татко кој бил меѓу првите луѓе во Македонија што почнале да продаваат храна за домашни миленици.

Денес, Игор е сопственик на компанијата „Фемили пет шоп“ која постои веќе 30 години на задоволство на сите вљубеници во домашните миленици во Куманово. Покрај домашните миленици, сопственикот ја проширил својата работа и на трговија на прехранбени и кондиторски производи.

Игор ни раскажа за неговото „влегување“ во бизнисот. „Неколку години работев во Авганистан, и кога се вратив назад, во 2010 година ја вложив целата заштеда во бизнисот на татко ми. Малиот бизнис го проширив со продажба на големо и со увоз на производи од Италија“. Сопственикот на „Фемили пет“ од Куманово може да биде задоволен со развојот на неговиот бизнис. Тој сега поседува две продавници, еден магацин и има сопствен превоз со кој врши дистрибуција на целата територија на Македонија.

Компанијата увезува најквалитетни производи од Италија, Грција и Кина кои од 2018 година ги нуди и во продавницата за продажба на мало. Следниот потфат на Александровски е отворањето на пансионот „Фемили пет хотел“, во кој нудат сместување и храна за миленици. Сместувањето на животните е во индивидуални дрвени изолирани куќарки со надворешно шеталиште.

Тука не застануваат идеите за развој на бизнисот. Во иднина, Игор планира да го прошири асортиманот на производи и услуги. Тој вели дека неговиот клуч на успех е „само напорна работа“. Парите добиени од кредитната линија на МРФП преку финансискиот посредник НЛБ Банка, ги искористил за набавка на репроматеријали. Задоволен е од нивните услуги и планира да ја продолжи успешната соработка во иднина.