fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

So novi investicii vo zemjodelstvoto i stocharstvoto do pokvaliteten zhivotВо атарот на селото Горно Оризари, во близина на градот Велес, живее и работи Белма Колашинац со семејството. Земјоделството и сточарството е нивното занимање отсекогаш. За сите работи околу земјата и добитокот се грижат четворица членови од семејството, а кога имаат потреба, ангажираат и аргати.

„Нашите приходи во главно доаѓаат од одгледувањето овци и од производството на тутун“, вели Белма. Таа се потсетува дека започнале со една овца и едно јагне, а веќе денес имаат стадо од 200 овци. Семејството Колашинац целокупното производство на млеко го продава на „Тетовска млекара“. Големината на сопственото обработливо земјиште не била ограничување за нив, па покрај на своите ниви, одгледувањето на тутунот го прошириле и на изнајмено земјиште од 15 декари. Произведениот тутунот го продаваат на различни откупни центри со кои имаат склучени договори. „Не садиме само тутун“, вели Белма, на нашите ниви има и жито, луцерка, пченица и јачмен, кои во најголемиот дел ги користиме како сточна храна“, додава таа.

Семејството Колашинац е корисник на кредит од микрокредитна фондација „Хоризонти“, преку кредитната линија на МРФП. Парите од кредитот ги искористиле за набавка на овци и јагниња со кои ќе го зголемат стадото и плановите за иднината се во оваа насока, односно понатамошно зголемување на стадото. Ова и плановите за нови, поголеми површини засадени со тутун ќе им овозможат поквалитетен живот.