fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

napornata rabota e klucot za uspeh na semjestvoto DzeladinovskiВкупно 420 ученици од три основни училишта во Скопје добиваат секој ден свежа храна подготвена во Те Баба Реџеп сопственост на Сељвете Џеладиновска и нејзиниот сопруг. Џеладиновски, во 2010 година започнале да се занимаваат со подготовка и доставување на храна (кетеринг услуги) првенствено наменета за учениците.

Можноста за ваков вид на работа ја виделе откако дознале за незадоволството на дел од училиштата од соработката со претходниот добавувач на храна. Денес тие се снабдувачи на училиштата „Цветан Димов“, „Даме Груев“ и „Рајко Жинзифов“. Покрај училиштата, тие имаат добра соработка и взаемна доверба со голем број физички лица, а на неколку ученици од социјално загрозени семејства им обезбедуваат храна бесплатно. Свежата храна за сите клиенти се подготвува во четири изнајмени кујни. Во процесот на подготовка на храната, целосно ги имплементирале стандардите ХАСАП и ХАЛАЛ.

Клучот за успех велат дека е „напорната работа и искористувањето на можностите за раст на бизнисот преку нови финансирања“. Ова им овозможило да го зголемат бројот на вработени од еден на пет, а ангажираат и неколку хонорарци во периодите кога имаат зголемена потреба од работници. Сељвете и нејзиниот сопруг планираат проширување на дејноста со што би опфатиле уште две нови основни училишта. Тие се оптимисти за нивните планови кои очекуваат да се реализираа со финансиска поддршка од кредитната линија на МРФП преку финансискиот посредник микрокредотна фондација „Хоризонти“.