fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Za da go razvie biznisot Nikolikj prvo gi educiral potencijalnite klientiВо 2002 година, Игор Николиќ од Куманово решил да го искористи своето 20 годишно искуство поврзано со енергетски ефикасни системи за затоплување и ја основал компанијата „Електротехно – Би-Стефан Дооел“. Искуството стекнато во Словенија требало да му биде основа за започнување со продажба и вградување на соларни и парни системи.

Меѓутоа, на самиот почеток, Николиќ се соочил со тешкотии при наоѓањето купувачи. Причината била, пред се, неинформираноста и ниската свест на луѓето за искористувањето на сончевата енергија како и за енергетски ефикасните начини на затоплување. Но, Игор бил одлучен да ги убеди своите потенцијални клиенти во исплатливоста на овие технолошки новини. Тоа, и напорната работа, биле клучен фактор за успех. Постепено започнал да се зголемува бројот на клиенти, кои биле задоволни од квалитетните системи од познати европски брендови кои од „Електротехно – Би-Стефан Дооел“ ги вградувале. Фирмата им нуди на клиентите многу современи технички решенија со кои рационално се искористува сончевата енергија во домовите, вложувањето е минимално, а користа повеќекратна.

„Електротехно – Би-Стефан Дооел“ денес е официјален застапник за неколку европски брендови кои веќе 30 години произведуваат соларни системи. Кредитот од МРФП преку НЛБ Банка, Николиќ го искористил за набавка на солар панели. Во иднина тој планира да го прошири асортиманот на производи и услуги кои ги нудат, преку инсталација на топлотни пумпи и отворање на претставништво во Србија. „Мотото на Никола Тесла, само работа, е моето тајно оружје“, вели Игор.