Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи и член 8 од Правилникот за работни односи на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), МРФП распишува оглас за вработување на 3 (тројца) соработници на определено време од четири месеци, со можност за продолжување, на работно место помлад соработник на проекти (асистент на проекти) во Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП).
Извршниот директор на МРФП е извршен орган, односно орган на секојдневно управување со МРФП. Мандатот на извршениот директор на МРФП е пет години, започнувајќи од 01.01.2021 година, со право на повторни избори.
Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од Европската Унија, ги поканува подобните земјоделски задруги да учествуваат на „Повикот за финансиска поддршка на земјоделски задруги“ бр. 1/ЗАМ/2020.
Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од ЕУ, Ве поканува да учествувате на Повикот за пријавување на интерес за користење на советодавни услуги за спроведување на тендерски постапки за набавки.
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) ги поканува сите заинтересирани субјекти – физички или правни лица да учествуваат во тендерска постапка за избор на: советодавни услуги на земјоделски задруги за спроведување на тендерски постапки за набавки (во понатамошниот текст: услуги).