fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Na tradicionalen nachin se vadi parche lebМилка Блажева заедно со својот сопруг Блаже започнале со производство на селски леб на традиционален начин уште во далечната 1992 година. Идејата за започнување со овој бизнис произлегува од нејзиниот сопруг кој го „испекол“ пекарскиот занает уште од неговите средношколски денови. Дополнително во 2005 година отвориле и маалска пиљара каде што ги продаваат и дел од своите производи.

So investicii do poefikasno zemjodelstvoВо селото Карбинци, Штипско, живее и работи Славчо Данев со своето семејство. Тие активно се занимаваат со земјоделство и сточарство целиот свој живот. Скоро сите должности околу земјата и добитокот Славчо Данев ги врши со својот син и со помош на двајца вработени.

Od skromna rabotilnica do uspeshen semeen biznisПрвите чекори кон она што „Скендер-пром” е денес, започнуваат од далечната 1998 г. По останувањето без работа, таткото на Неат Селим се чини дека ја носи најдобрата одлука. Отвора мала продавница од 12м2 за трговија со стакло и стаклени производи лоцирана во градот Ресен, која претставува почеток на приказната за бизнисот на семејството Селим.

makedonsko ekolosko resenie macblueЗа Петре Танчев, занимавање со хемиско инженерство било логично продолжение на она што со години го студирал на „Технолошко-металуршки“ факултет во Скопје и на Магистерски студии за технолошко инженерство на животната средина. По неколкугодишен работен ангажман во претпријатие за производство на биодизел, Петре во 2015 основа сопствено претпријатие “Еко Мастер Дооел” каде започнува со производство на течноста ‘MacBlue’, која всушност е пандан на познатиот бренд „AdBlue“ (нетоксичен раствор на уреа - вештачко ѓубре кој се користи за хемиски намалување на емисијата на штетни гасови од возила со тешки дизел мотори).

Od grad vo seloПриказната на Станко Стаменковски претставува една многу интересна сторија и пример за успешен сточар која вреди да се чуе. По 40 години успешна кариера како угостител и бизнисмен, добра материјална состојба и живот во самиот центар на  главниот град, Станко и неговата сопруга се одлучуваат да станат сточари.

Ljubov kon brojkite kako recept za uspeshen biznisРужица Трпкова од Скопје е сопственичка на сметководствено биро кое успешно работи веќе 16 години. Потекнува од претприемничко семејство – нејзиниот татко бил еден од најпознатите претприемачи во Скопје со својата фабрика за пластика. Уште од најрана возраст, своите детски денови ги поминувала во фабриката. Татко ѝ го вклучил целото семејство во работата, па со своите четири браќа го продолжиле семејниот бизнис кој успешно постои и денес.

Koga golemata ikea ve bara tokmu vas 2За Ирена Зафирова занимавањето со изработка на предмети од кожа и крзно настанало сосема случајно, кога по 6 години напорна работа добила отказ од една приватна рекламна компанија. Бидејќи креативната работа и работата со раце отсекогаш ја привлекувале, некако спонтано, интуитивно се одлучила да посетува обука за крзнарство. По една година учење и практична работа, во 2012 година таа отворила сопствен бизнис и ја остварила својата љубов кон создавањето рачни изработки.