fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Hristov IMG 5231Инженерскиот предизвик го водел Зоран Христов во реализирање на идејата за изградба на фотоволтаична централа. Иако ангажиран во компанија за развој на ИТ решенија тој се интересирал за обновливите извори на енергија и сакал да го употреби своето знаење за тоа. Воден од тој интерес, Христов се испробал во проектирање на четири фотоволтаични централи, пред да започне да работи на својата.

arjanit-hodzaАрјанит Хоџа и неговата компанија Фреш фиш две години пливаат во водите на производството и трговијата со риба. Рибникот лоциран во с. Вруток, годишно произведува по 120 тони риба, а со тоа не се исцрпени неговите можности. Засега, рибникот има 7 вработени. Последната инвестиција од 22.000 евра била наменета за проширување на базените, производството и за набавка на класификатор на риба и храна за риби.

aleksandar-kuzmanovskiАлександар Кузмановски го управува наследениот семеен бизнис, Картонпласт, основан уште во 1990 година. Основна дејност на друштвото е производство на картонска амбалажа. Производите на Картонпласт се застапени на домашен пазар со фокус на Скопје поради специфичниот транспорт, а и поради конкуренцијата. „Последната инвестиција“, вели Кузмановски, „била за набавка на деловен простор во Кисела Вода заради подобра комуникација со клиентите“. Фабриката за картон се наоѓа во просториите на поранешна фабрика Стакларница.

gordana-trajanovskaСемејниот бизнис со млечни производи Гордана Трајановска го започнала пред 12 години, во 2000 година. Вемарс ДООЕЛ е сместен во с.Побожје, Чучер Сандево, и произведува јогурт и кисело млеко. Приказната за семејниот бизнис ја раскажа Саве Трајановски, синот на Гордана. Бизнисот го почнале со сопствен капитал и објект, инвестирале во опрема, комори, лабораторија и возило кое го користат за дистрибуција и откуп на млеко.

ivica„Да не беше кредитот, немаше да продолжам со работата“, ја почнува својата приказна Ивица Бошков, управител на Ице плин од Скопје, „бидејќи претходно плаќав висока кирија, а и приходите не беа сигурни“, додава тој. Претпријатието на Бошков врши монтажа и демонтажа на плински уреди. Во основањето на претпријатието му помогнало неговото претходно искуство во одделот за водород во Железарница.

radomir trajkoskiРадомир Трајкоски го основал Крип трејд во 1994 година со сопствен капитал. Гаранција за успех му било 24-годишното искуство искуство во Мермерниот комбинат Прилеп. Така почнало. Основна дејност на Крип трејд е преработка и вградување секаков вид мермер и гранит, а од основањето наваму, претпријатието бележи подем и позитивни резултати.

roza-poposkaРоза Попоска-Петкоска веќе 20 години успешно се справува со транспортот на материјали и опрема во нејзиното претпријатие Алфа омега транспорт од Прилеп. Главните клиенти им се рудниците Бучим и Саса, односно фабриката Фени. При средбата, Попоска-Петкоска ни објасни дека кредитот од МРФП, обезбеден преку ИК банка, бил искористен за набавка на 4 транспортни камиони и 3 придружни приколки, кои се веќе во употреба. Вкупната инвестиција изнесува 85.800 евра. И тука не застануваат нивните амбиции.