fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Za uspeh potrebna e i malku srekjaЗа Христо Арсовски занимавање со автомеханика било логично продолжение на она што со години успешно се занимавал неговиот татко. Иако првично се определил за нешто сосема спротивно од моторните возила и студирал книжевност и пеење, по тешката болест на својот татко, бил принуден да го преземе бизнисот и да го продолжи занаетот.

Koga biznisot cutiНа периферијата на градот Струмица се наоѓа „Гарден центар Марија“, каде на вкупна површина од 5 декари поставени се пластеници со разни видови цвеќиња, во сопственост на фамилијата Петрови. Сопственик на овие пластеници е Драги Петров, кој  заедно со својата сопруга ги обработуваат со помош на 4 вработени лица.

Stocarstvoto mi go zadrza semejstvoto zaednoВо атарот на селото Неготино, Полошко, живее и работи Букурије Зулбехари со своето семејство. Тие активно се занимаваат со земјоделство и сточарство целиот свој живот. Главната дејност од која остваруваат приходи им е одгледувањето молзни крави. Во моментот имаат 29 молзни крави и 10 телиња за кои се грижат и ги одгледуваат. Од нив добиваат приближно 270 литри млеко дневно, кое потоа го продаваат на млекарницата Сентис АГ - Џепчиште.

Nova shtala i opremaЗемјоделието е семејниот бизнис на Павлина Ристевска од с. Добромири, Битола и нејзиното семејство. На осум хектари тие воглавно одгледуваат пченица, јачмен и пченка, а на површина од шест декари имаат засадено ориентален тутун, од кој пак, доаѓа и најголемиот приход. Павлина вели дека иако на почетокот имале проблеми во работата, со тек на време и со нивно големо ангажирање успеале да ги надминат.

Iskustvoto vo obrabotka na metali investicija vo noviot biznisЛилјана и Љупчо Стефковски од Скопје пливаат во претприемачките води веќе 13 години. Преку нивната компанија ПИВ-ЕЛ, тие се занимаваат со површинска заштита на алуминиумот од корозија. Љупчо има 35 годишно искуство во обработувањето метали кое го стекнал во фабриката „Алумина“. „Необработените алуминиумски профили поминуваат низ процес на дополнителна оксидација при што ја зголемуваме дебелината на заштитниот слој од 12 до до 30 микрони“, раскажува Љупчо. „Во тој процес, површинскиот слој на алуминиумот се претвора во стаклено-кристапна превлака, а бојата се движи од природната боја на алуминиумот до бронзени нијанси и црна боја“, вели тој.

Zadovolnite klienti ja zgolemuvaat pobaruvachkataБизнисот на Мартин Митов од Скопје веќе 16 години е поврзан со автомобилите. Сегашниот автосервис кој вклучува лимарско-фарбарски услуги, поправка на возила, продажба на половни возила, како и откуп на хаварисани возила поради нивните автоделови е продолжение на автопералната со која почнал уште во 2000 година.

Brojnosta na pacientite e dokaz za kvalitetot na uslugiteГоран Тодоровиќ ја започнал стоматолошката приватна пракса во 1993 година основајќи ја Приватната здравствена установа „Неодент“ во Битола. Дотогаш, тој имал седугодишно искуство како стоматолог во амбулантата во Новаци. Седум години по осамостојувањето, Тодоровиќ, во 2001 година, започнал да работи имплантологија.