fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Potrebite na potroshuvachite mora da se sledatМесото и преработката на месо ја обезбедува егзистенцијата на семејството на Коста Николоски од Скопје, но, и на семејствата на неговите 13 вработени. „Искуството што го стекнав работејќи 14 години во „Јухор“ од Јагодина ми помогна кога ја основав мојата компанија „Карнивор“ ДООЕЛ во 1994 година“, раскажува Николоски. За сега, производите ги пласираат во двете продавници во Скопје, а во бизнисот му помага неговото семејство.

Proizvodstvoto na hrana e dobar biznisЗа Валентина Димитрова од Скопје занимавањето со земјоделие било логично продолжение на она што со години успешно го работел нејзиниот татко. Земјоделието е основно занимање и на семејството на нејзиниот сопруг, па така сите елементи во служувалката се поклопиле. На површина од шест хектари, таа и нејзиниот сопруг одгледувале зеленчук, а производите ги пласирале на пазарот на големо, како и на Зелениот пазар во Скопје.

uspeshnoto rabotenje motiviraСашко Антовски од Кочани веќе 14 години го гради својот бизнис преку компанијата „Екстра фунги“. Вели дека со откуп и преработка на печурки почнал да се занимава уште како мал. „Татко ми ми беше ментор“, раскажува Антовски, „тој во осумдесеттите години работеше во Алкалоид, а од 1988 почна приватно да се занимава со откуп на печурки.“ Почетокот не бил лесен, за откупот на печурки користеле старо возило, а малата сушара и ладилникот биле направени во нивниот дом. Во тој период најмногу препродавале на просторот на поранешна Југославија.

pogolema bezbednost za stokata vo noviot objektОдгледувањето овци е основната егзистенција за Јусуф Амедов од с. Лозово. Имал  15 години кога почнал поинтензивно да се занимава со овчарството. „Почнав со 60 овци, се задолжив за да ги купам“, вели Амедов.

nashata cel e celosna modernizacija na farmataАница Цветковска од селото Долно Чарлија, Битолско, и нејзиниот сопруг веќе 30 години се фармери. Започнале со мал сточен фонд на овци, стар трактор и 10 хектари земја на која одгледувале храна за стоката, а денес имаат 90 крави, 20 хектари земја, и модерна механизација за обработка на земјата и за одгледување на стоката. Нивната фирма Дима агро има двајца вработени и работи успешно.

mozhnostite treba da se pretvorat vo biznisЕрол Џеладинов од Велес веќе 13 години успешно ја води „Џени компани“ која се занимава со набавка, продажба и инсталирање на сателитски антени, како и продажба на компјутерска и телефонска галантерија.

koga detskata strast stanuva zhivotna opredelba i biznisТемелко Крстевски од Скопје целиот живот му го посветил на автомеханичарството. Неговата страст од детството, станала занимање и бизнис. Крстевски смета дека животната определба е нешто што го носиш со себе.