fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

stojanovikВо селото Речица, Кумановско, покрај селскиот пат може да се забележи еден убаво среден двор, а тука се наоѓа куќата на семејството Станојковиќ. Од земјоделската механизација во дворот јасно се гледа дека се работи за семејство кое својата егзистенција ја обезбедува преку земјоделството. Сите членови на семејството се вклучени во работата. Најмногу одгледуваат пиперки.

slobodan-endzekievОдејќи кон патот за Богданци, од десната страна може да се види едно модерно здание каде е сместена фабриката за производство на прозорци и врати од ПВЦ „Ники Марјана”. Сопственикот на фабриката, Слободан Енџекиев, е горд што успеал во производствениот процес да го воведе стандардот ИСО 14001, највисок еколошки стандард. Според него, „Ники Маријана” е единствена во Македонија за производство на врати и прозорци која го има воведено овој висок еколошки стандард.

almir-hamzikАлмир Хамзиќ и неговата сопруга биле на печалба во Дубаи. Во една прилика виделе машина со која може да се гравираат дводимензионални и тридимензионални апликации на кристални коцки. Брачниот пар решил да се врати во Македонија, да набави таква машина и да започне сопствен бизнис. „Одлуката беше тешка”, се присетува Алмир, „сепак со сопругата решивме да се вратиме во родниот крај”. Машината ја набавиле во Кина.

vaso-jovanovskiВасо Јовановски од с. Галата, општина Врапчиште, прв пат ја користи можноста за заем од кредитната линија на МРФП. Со него, ја доградил шталата и поставил боксови за свињи.

“Откако останав без работа, морав некако да се снајдам. Така на почетокот купив неколку маторици и прасиња. Веќе седум години се занимавам со ова. Сега имам 6 маторици, 1 вепар и 30 мали прасиња. И децата и сопругата ми помагаат”, раскажува тој, не криејќи го задоволството од она што го постигнал.

rasim-dzemiliКако и секој друг жител од селото Пирок, општина Боговње, и Расим Џемили, 15 години поминал на печалба. Тој и неговото семејство имаат слаткарница во Загреб, но Расим се одлучи да се врати и да започне поинаков семеен бизнис, одгледување крави и телиња.

cane-trpenoskiКога стигнавме во фабриката за производство на врати и прозорци од дрво “Молика” во Битола, Цане Трпеноски и неговиот брат облечени во работничка униформа веќе интензивно работеа заедно со нивните вработени. Оваа слика може да се види веќе 20 години, од кога го наследиле бизнисот од нивниот татко.

“Конкуренцијата од домашните преработувачи и производители е многу силна и затоа мора секој ден да се работи напорно”, вели Цане.

naumovskiФабриката за производство на текстилна облека, специјализирана за производство на долна облека, Тритекс трејд, работи со полн капацитет во новите простории коишто се обезбедени преку заемот на МРФП. Ратко Наумовски, сопственикот на фабриката, е во текстилната индустрија веќе 14 години. Лошата економска состојба го натерала да започне да се занимава со овој бизнис за да обезбеди опстанок за семејството. На почеток бизнисот бил семеен со само тројца вработени но, со напорна работа, Наумовски успеал да направи рентабилна фирма, која денеска има 100 вработени.